Групацијата SCHMIDT е германски производител на машини и возила за специјална намена, водечка во светот во својата област. Нејзиниот асортиман ја опфаќа проблематиката поврзана со чистење на снег и мраз, како и чистење на сообраќајните површини. Основана е 1920 година. Поголемиот растеж на компанијата почнува во 1950 кога полека почнува да станува заштитен знак во оваа област. Високо квалитетните производи на SCHMIDT секојдневно се употребуваат насекаде во светот. Производните погони се лоцирани во Германија, Холандија и во Полска. Свои претставништва има во 15 земји во светот каде се вработени преку 1200 лица. Во светот SCHMIDT е претставен преку мрежа која брои 50 дилери на своите производи, и на тој начин потрошувачите во било кој континент ја имаат подршката од страна на компетентните партнери на SCHMIDT.
KIESLING - германска компанија чија основна дејност е производство на разладни комори како надградба за разни видови возила за транспорт на замрзната храна. Оваа компанија своите производи ги прилагодува на специфичните потреби на корисниците, преку својата дистрибутерска мрежа во Европа со што е овозможен брз и ефикасен сервис и достава на резервни делови. Благодарејќи на сопствениот квалитетен развој на производите, контолата во производниот процес и на крајните производи, асортиманот на KIESLING се со докажан квалитет сертифициран според стандардот ISO 9001:2000.
HOFMANN - водечки производител во светот на машини кои се наменети за обележување на патна хоризонтална сигнализација веќе повеќе од 50 години. Опсегот на производи целосно ја покрива проблематиката на хоризонтална патна сигнализација: од мали, рачно управувани машини до камиони за оваа намена. Посебен предизвик за компанијата е целосно да ги задоволи потребите на нејзините корисници. Како резултат на оваа се произлезени и традиционалните Денови на технологијата на HOFMANN каде се раменуваат искуства помеѓу HOFMANN, производителите на бои, корисниците и научните работници од оваа област.
Машините на HOFMANN можат да се употребуваат со сите расположиви материјали за обележување на патишта. Советите и упатствата од експертите секогаш се достапни на корисниците на производите, почнувајки од моментот на набавка, преку упатствата за работа и обуката на кадрите за управување со машините. Логистиката на компанијата овозможува гарантирано брз сервис и резервни делови во целиот свет.
JANSKY е германски производител специјализиран за производство на надградби кај моторни возила за пренос на течност (млеко, вода, нафта и други течности). Производствените погони на оваа компанија се во Емсдетен, Германија. Производството на JANSKY датира од 1951. Динамичниот развој исполнет со иновации овозможило JANSKY да стане симбол за квалитет во областа на производство на цистерни за течности.
Германската компанија NARVA представува синоним за квалитет веќе повеќе од половина век. После втората светска војна, во погоните сместени во тогашната Демократска Република Германија ја продолжуваат традицијата на висококвалитетно производство. Особено забележителен развој NARVA достигнува во 1958 година кога поради зголемениот извоз се создава потреба на создавање производ со препознатлив знак на робна марка, со која се означиле основните елементи на современа конструкција на сијалицата: N – нитроген (азот), АR – аргон и VA – вакуум.
Производниот програм во себе содржи авто-лампи за сите видови возила, халогени минилампи за велосипеди и батериски лампи, лампи за аеродромска расвета и железничка сигнализација, лампи за научно-технички уреди и др.
NARVA е носител на бројни признанија и награди. Производите ги поседуваат сертификатите DIN EN ISO 9001, DIN EN ISO 14001, QS 9000 VDA 6.1 кои гарантираа постојаност, квалитет и еколошки менаџмент.
NISSENS - Дански производител на повеќе од 8000 видови дифузери, ладилници на мотор, вода и клима уреди кај сите видови патнички и товарни возила. Производите на оваа компанија се составен дел на автомобилите на светските гиганти PSA, SAAB, Fiat, Mazda, VW, Toyota, Honda , Scania, Lamborghini. Компанијата има годишен обрт од преку 130 милиони евра и представува еден од водечките европски производители на системи за ладење во автомобилската индустрија. Производната програма е дистрибуирана ширум светот преку 18 фирми.