Самоил експорт- импорт како застапник на своите партнери кои доаѓаат од земјите на Европската унија, со производите кои ви ги нуди ви овозможува пристап до врвната технологија која ги исполнува и најизострените критериуми за квалитет на пробирливиот европски пазар.
Гаранција за квалитетот на нашата понуда се стандардите и сертификатите кои ги поседуваат производите, кои се добиени како резултат на долгогодишно искуство и примената на врвната технологија во производството од страна на нашите партнери.
Овие карактеристики овозможуваат надежност на производите, намалени трошоци поради застои при работа, прилаголивост на потребите на корисниците, лесна употреба како и брз и ефикасен сервис и снабдување со резерви делови. Значаен дел во комуникацијата со корисниците се посветува и на техничката подршка, советите и упатствата кои стојат на располаѓање од страна на стручни лица кои се задолжени за тоа.
Стандардите кои ги исполнуваат производите од нашата понуда, во сите сегменти ја исполнуваат еколошка прифатливост, како во поглед на заштита на животната средина, така и од аспект на сигурност и безбедност за лицата кои ги употребуваат.
Како карактеристичен пример ќе го споменеме нашиот партнер од Германија - KIESLING кој прв го има добиено HACCP стандардот во областа на ладилни комори за превоз на храна. Коморите на KIESLING овозможуваат одржување на оптимална хигиена, контрола на температурата, заптивање на вратите, непостоење на ивици и споеви каде што би се задржувале нечистотии и бактерии со што е овозможено лесно чистење.