Самоил експорт-импорт е застапник на компанијата KIESLING со седиште во Германија чија основна дејност е изработка на ладилни комори за возила кои се користат за транспорт на замрзната храна.

KIESLING прв го има добиено HACCP стандардот во областа на ладилни комори за превоз на храна. Коморите на KIESLING овозможуваат одржување на оптимална хигиена, контрола на температурата, заптивање на вратите, непостоење на ивици и споеви каде што би се задржувале нечистотии и бактерии со што е овозможено лесно чистење.
Притоа коморите се со типски изведби или со посебни изведби во склад со потребите на корисниците. Постои и можност купувачите да се снабдат со половни возила. Производите на KIESLING се со проверен квалитет сертифициран според DIN EN ISO 9001 стандардот. Изведбата е со покачен алуминиумски рабник заварен за шасијата, што спречува појава на оштетувањата, обезбедува непропустливост на вода и овозможува лесно чистење.

Ситно пресуваниот алуминиумски под спречува ширење на бучава. Сите делови на помошната шасија се лакирани со постапка на катафореза што представува најдобра можна заштита. Сите надоградби од KIESLING можат да постигнат температура на ладење до -20°C и ATP се проверени (FRC). Вградените агрегатите на познатите производители гарантираат сервис и надежност.