ПочетокЗа насПроизводиПартнериКвалитетМапа на сајтКонтакт
 
Возила за патно      одржување
Ладилни комори      за возила
Возила за патна      сигнализација
Надградби за      превоз на течност
Расветни уреди      за возила
Ладилни уреди
     за возила
Расветните уреди за возила кои ви ги нуди Самоил експорт-импорт се производство на германската компанија NARVA која има повеќе од 50 години искуство во оваа област. Во производите за осветлување спаѓаат сите видови авто-лампи според европските ECE R37 и американските SAE/DOT стандарди, халогенските лампи за велосипеди и батериски лампи, лапми за аеродромска расвета, лампи за железничка сигнализација, специјални лампи за научно-технички уреди и други.



Лампи за моторни возила со жичка

Жаречките лампи се најзастапени во асортиманот на оваа група на производи. Веќе познатите предности на технологијата на тврдо халогенско стакло се применети во нивниот производниот процес. Лампите се со одличен квалитет и надежност кои се должат на долгогодишното искуство.



Широкиот производен асортиман ги содржи сите европски и американски халогени лампи како и конвенционалните типови лампи, така што целокупното внатрешно и надворешно осветлување на возилата е опфатено. Производниот програм постојано се прилагодува на побарувањата на пазарот. Кај халогенски лампи за фарови не е присутен негативниот ефект на УВ зраците, па затоа се погодни за примена и кај пластични фарови и дифузори.

Минијатурни халогенски лампи

Овој вид лапми се применуваат кај батерии за осветлување. Нисконапонските халогени лампи се користат кога е потребно силно осветлување кај лампи со мали димензии. Можностите за примена на овој вид лампи се многу големи, на пр. батериски лампи, осветлување кај моторни возила, рударски шлемови и др.



Минијатурните халогенски лампи целосно ги покажуваат предностите на халогенската технологија: - мали димензии - долг век на траење - долг век ма траење на светлосниот сноп - извонредна светлина.

Специјални халогенски лампи

Овој тип лампи се современи извори на светлина и представуваат комбинација на предностите на халогенската и конвенционалната технологија. Нивниот специфичен дизајн овозможува да ги исполнат специјалите барања.



Овој тип лампи се современи извори на светлина и представуваат комбинација на предностите на халогенската и конвенционалната технологија. Нивниот специфичен дизајн овозможува да ги исполнат специјалните барања. Особено халогенските лампи со пред фокус се погодни за примена во научно-техничката опрема благодарејќи на нивниот дизајн и оптичка прецизност. Сите производи од оваа група се произведени од кварцно стакло кое врши трансмисија на УВ зраците.

Специјални конвенционални лампи



Овие лампи првенствено се користат за замена на конвенционалните лампи. Поради широкото поле на нивна примена, тиа се користат за најразлични апликации, а особено во научно-техничката опрема.

Лампи за специјални возила

Овој вид на лампи се висококвалитетни лампи кои се изработуваат со конвенционална или халогенската технологија.



Тие се приспособени да можат да бидат аплицирани во електрични возила кои работат под различен напон. Овие специјални лампи се со УВ заштитно стакло за да ги задоволат барањата за примена кај пластични дифузери.

 

 

Почетна   -   За нас   -   Производи   -   Партнери   -   Квалитет   -   Мапа на сајт  -   Контакт

Тел../Факс: +389 (2) 3 062 013; 3 079 337      e-mail: contact@samoil.com.mk      web: www.samoil.com.mk
Copyright © Samoil, 2006

free web page counters