Производител на надградбите за превоз на течности е ЈАNSКY- Германија. Надградбата е предвидена за вградување на двоосовинско возило.

• Кабината на возилото може да биде кратка или средна
• Меѓуосовинското растојание може да се движи од 3900 до 4200мм
• Издув на моторот: PTO 1 c
• Резервоарот за гориво мора да биде од лева страна ако кабината е од десна страна, а во случај да се наоѓа назад можно е сериско вградување
Опис на надоградбата:
• помошната шасија е пескарена и вклучува две седла за резервоарот
• резервоар од не`рѓосувачки челик со волумен од приближно 9000 литри, одвоен во три комори може да биде вграден на 18 тонско возило
• резервоарот е со срцевиден облик и целосно е изолиран
• во секоја комора на врвот има лептирести вентили
• во секоја комора се наоѓаат млазници за перење на резервоарот, CIP систем
• качување на надоградбата од задна страна е овозможено со помош на скали, а по врвот на надоградбата со помош на рачки
• максималниот проток на течност е 24000 литри / час
• вградена е импелер пумпа со гумен ротор NV 65 (палењето и гасењето е електронско)
• вграден е температурен сензор
За системот е предвидена 1 година гаранција